Огромен астероид ќе помине покрај Земјата на 12 октомври

Asteroid-kometa-svemir-Zemlja-1-620x350.jpg

Тој на Земјата ќе и се приближи на растојание, кое отприлика, е десет пати поблиско од Месечината.Астероидот, кој астрономите за прв пат после пет години го забележаа со помош на ESO телескопот во Чиле, на 12 октомври ќе помине покрај Земјата и ќе не „промаши“ за само 44.000 километри.

Астероидот 2012 TC4, има димензии меѓу 15 и 30 метри, а неговиот близок премин покрај Земјата, ќе биде голема можност да астрономите дознаат повеќе за него, наведува Европската вселенска агенција.

„Мал астероид кој ќе пролета покрај Земјата на 12 октомври и ќе им даде на научниците драгоцена можност да научат нешто повеќе за неговата орбита и состав“, се наведува во соопштението.

Тој на Земјата ќе и се приближи на растојание, кое отприлика е, десет пати поблиско од Месечината.

Кога е откриен во 2012 година, астероидот на астрономите им зададе голем број на прашања. Поради големата орбита, тие имаа на ум дека нема да можат да го следат пет години, и не беа целосно сигурни колку ќе и се приближи на Земјата.

Оддалеченоста од 44.000 километри е слична на растојанието на најодалечениот стателит во орбитата.

Научниците истакнуваат дека астероид со волкава големина, доколку влезе во Земјината атмосфера, би го предизвикал истиот ефект, како и метеоритот кој во февруари 2013 година, падна во Чељабинска.

„Кампањата за следење на 2012 TC 4 е дел од широката меѓународна иницијатива која ја спредводува НАСА. Оваа кампања е сјајна можност да се спроведат меѓународни способности за пронаоѓање и следење на објекти во близина на Земјата, како и за проверка на нашата можност за давање на заеднички одговор на реалната закана од астероид“, наведе ESA.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail