Огромен леден брег се заканува да се одвои од Антарктикот

leden-breg.png

Ледениот брег, два пати поголем од Њујорк, се заканува да се одвои од Антарктикот, велат експертите на НАСА и истакнуваат дека тоа ќе биде најголемото одвојување откако научниците го следат тоа подрачје, од 1915-та година.

НАСА соопштила дека од 2012-та година пукнатината се зголемува со брзина од околу 4 километри годишно, а како што пренесува “Independent”, ледениот брег е подготвен да се одвои од “Brunt Ice Shelf” на Антарктикот.

Таа пукнатина на северот, како што се објаснува, би можела наскоро да се сретне со уште една – таканаречена “Halloween Crack”, која е откриена во октомври 2016-та година, и која расте кон истокот од “McDonalds Ice Rumples”.

Научникот на НАСА, Крис Шуман, за “Independent” рекол дека ледениот брег кој изнесува околу 1.700 километри квадратни, е петтиот најголем леден брег кој моментално го следи Националниот леден Центар во Мериленд.

“Тоа што го придвижува е природен, долгорочен проток на мраз од рабовите на Антарктикот, така што мразот кој напредува почнува да плови на морето”, објаснува Шуман.

Тој додал дека од година во година, мразот се движи подалеку од брегот, се додека под влијание на силите како плима, струја, олуји и слични појави не почне да пука.

Според зборовите на Џо МекГрегор, геолог од НАСА, ако две пукнатини се стопат, ледениот брег би можел да стане “нестабилен”.

“Иднината на “Brunt Ice Shelf” во блиска иднина веројатно ќе зависи од тоа каде постоечките пукнатини ќе се спојат во однос на “McDonald Ice Rumples””, рекол тој и додал дека доколку тоа се случи низводно или јужно од “McDonald Ice Rumples”, може да дојде до дестабилизација.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail