Огромен успех на најголемиот интернационален детски натпревар, „Бреинобреин фест 2021“ покажаа дечињата од Македонија

Ogromen-uspeh-na-najgolemiot-internacionalen-detski-natprevar-Breinobrein-fest-2021-pokazaa-dechinjata-od-Makedonija.jpg

Огромен успех на најголемиот интернационален детски натпревар, „Бреинобреин фест 2021“ покажаа дечињата од Македонија

Шестиот интернационален бреинобреин фест се одржа онлајн на 9 јануари 2021 година.

Во конкуренција со 25.000 деца од 45 земји во светот, сите наши представници се стекнаа со највисоките награди во своите категории според возраст и ниво.

Од 188 дечиња што учествуваа од 10 градови од државата, Скопје, Охрид, Кочани, Битола, Крива Паланка, Прилеп, Велес, Тетово, Куманово и Струмица, сите освоија награди и тоа во следните категории: 25 трофеи и 62 златни медали  и 96 сребрени медали и сертификати .

Brainobrain  е една од детските лидерски институции, што веќе 17 години успешно ги трансформира животите на децата од целиот свет.

Бреинобреин програмата е иновативна меѓународна програма за развој на интелектуалните и животните вештини и способности кај децата на возраст од 4 до 14 години.
Програмата има две основни цели: целосен развој на мозокот (со користење на  Абакус Ментална Аритметика и ВАК методи) и  развој на личноста (со помош на НЛП техники).

Извор: vistina.com.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail