Огромна дупка во центарот на Рим – Се отворила преку ноќ и „проголтала“ автомобили

dupka-rim.jpg

Во предградието на Рим изненадно се отворило тлото и настанала дупка длабока 9 метри. За време на огромниот одрон во дупката завршиле шест автомобили, додека од домовите во близина биле евакуирани 20 семејства, пишува Дејли Мејл.

До големиот колапс на тлото дошло околу 5:30 часот вечерта. Драматичните снимки покажуваат колкава штета настанала штом се срушило тлото.

На дното се гледаат искршени автомобили кои се излизгале внатре.

Сѐ уште не е позната причината поради кој се отворила дупката.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top