Охрид денеска го празнува споменот на својот патрон св. Климент Охридски, чудотворец најпознатиот меѓу уцениците на Кирил и Методиј. Чествувањата по традиција започнаа со доделување на Климентовите признанија кои оваа година завршија кај олимпијката Нина Балабан и ОМУ Методија Патче.
Утринава празникот се славеше со богослyжбена литургија на Плаошник, а во црквата Света Богородица Перивлепта се откри спомен плочата на Михајло Пупин.
За Охриѓани Св. Климент има големо значење. Преданијата раскажуваат дека секогаш кога над Охрид ќе надвиснела несреќа, се јавувал духот на светецот и го спасувал градот од разурнување, а народот од страдање.