Охридска Банка Вработува

ohridska-banka.png
Охридска банка Сосиете Женерал  е универзална банкарска институција која припаѓа на една од најголемите финансиски групации во светот – групацијата Сосиете Женерал. Со повеќе од 146.000 вработени, со присуство во 66 земји, Групацијата Сосиете Женерал опслужува 31 милион клиенти низ целиот свет повеќе од 150 години. Охридска банка Сосиете Женерал функционира според високите стандарди на Сосиете Женерал, почитувајќи ги четирите главни вредности на Групацијата: тимски дух, иновација, посветеност и одговорност. Основната стратегија на Охридска банка Сосиете Женерал е постојаното унапредување на квалитетот на извршувањето на банкарските услуги и нејзината целосна посветеност да ги задоволи потребите на своите клиенти. Преку своето седиште во Скопје и широката мрежа од 27 експозитури на територијата на Македонија, Охридска банка Сосиете Женерал има за цел да биде поим за банкарски односи, препознатлива на пазарот, блиска до клиентите, избрана поради својот квалитет и посветеноста на нејзините тимови. Охридска банка Сосиете Женерал во 2016 година е носител на три награди во категоријата „Најдобра банка во Македонија“ од трите најважни банкарски авторитети – “Global Finance”, “Euromoney” и  “The Banker”.

БЛАГАЈНИК

Локација: Штип
ГЛАВНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:
  • Врши уплати и исплати од денарски и девизни штедни книшки,
  • Врши работи од доменот на менувачкото работење,
  • Врши уплати и исплати по тековни и жиро-сметки и кредити,
  • Врши упис на камати,
  • Безготовински и готовински платен промет во земјата,
  • Изготвува прегледи на крајот од работното време,
  • Пополнува образец за редовни трансакции по Законот за спречување на перење пари и врши идентификација на клиентот,
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
  • Високо образование
  • Предност ќе имаат кандидати со претходно работно искуство на иста или слична работна позиција
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Одлично познавање на MS Office
  • Тимски играч
  • Одговорна, прецизна, проактивна личност, ориентирана кон постигнување резултати
Со испраќање на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од Банката во рок од една (1) година.
Напомена:
  • Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да испратат Професионална биографија (CV) со придружно писмо најдоцна до 18.10.2015 год. на адреса: kariera@ob.com.mk . Со испраќање на Вашата апликација, давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од банката во рок од една (1) година.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail