Охриѓанец измислил очила што ги откриваат клетките на тумурот

2014-aug-cancer-7.jpg

Прецизно отстранување само на заболените клетки од тумур и запазување на здравото ткиво овозможуваат специјалните очила, пронајдок на охриѓанецот Виктор Груев, доктор на науки и професор на Универзитетот „Вашингтон“ – Сент Луис, Мисури, САД.

 

Своето откритие Груев го презентираше пред студентите и заинтересираните граѓани во Универзитет „Св. Апостол Павле“ во Охрид, каде одржа предавање на тема:„Инспирација од природата за сензори (применливи) во хирургијата“.

Идејата за овој изум, според него, почнала пред две години додека работел на проект во кој ги анализирале очите на различни видови животни.

Така дојдовме до сознание дека многу животни гледаат многу поразлично од нас. Гледаат многу повеќе бои и имаат многу подруги сетила, а сето тоа го применивме во создавање очила со сензори, чиј дизајн е заснован врз визуелни системи на животни и нивната примена во неврологијата и онкологијата, рече Груев.

Првиот сензор, појасни, бил дизајниран врз основа на визуелниот систем на раковите Мантис, а вториот на пеперутките Монарх.

Видот на морското ракче и на пеперутката се разликува од човечкиот кој распознава три основни бои. За разлика од него, видот на овие живи суштества е многу покомплексен. Тие имаат сложени очи со нано ќелии и исклучитено чувствителни сензори за вид кои распознаваат шеснаесет различни спектри на бои, од сина до инфрацрвена, односно гледаат неколку милиони бои повеќе од нас, нагласи Груев.

Врз основа на тоа сознание тој пројавил интерес за функционирањето на тој визуелен систем, бидејќи, додаде, во други сфери како што е медицината да имаш камера со која можат да се видат други бои или дополнителни информации од светлината се клучни за дијагноза.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail