Околу 3.8 милиони Германци живеат без интернет

Vyan0RfACI-okolu-3-8-milioni-germanci-ziveat-bez-internet.jpeg

Интернетот одамна е неизоставен дел од секојдневниот живот и повеќето луѓе се врзани, на пример, за своите паметни телефони. Исклучоците се ретки – во Германија така 3,8 милиони луѓе, односно шест проценти од населението, никогаш не користело интернет, соопштил денеска Федералниот завод за статистика.

Колку се луѓето постари, толку е поголем уделот од оние кои не користат интернет, а најмногу од нив, околу 21 процент, се лица меѓу 65 и 74 години, велат податоците од минатата година.

Осум проценти од граѓаните меѓу 55 и 64 години не се на “мрежата”, а најмногу три проценти од оние до 55 годишна возраст.

Животот без интернет во текот на пандемијата станал потежок, велат статистичарите.

Дигиталниот сертификат за вакцинација, бил, на пример, неопходен на многу места, како и за он-лајн закажување на термини. Во Европската унија минатата година осум проценти од луѓето не користеле интернет.

Меѓутоа, меѓу државите членки разликите се големи, објаснил заводот. Во Ирска, скандинавските земји, Холандија и Луксембург, уделот на оние кои никогаш не користеле интернет, а имаат меѓу 16 и 74 години, бил помал од пет проценти.

Од друга страна, без интернет живееле 20 проценти од Грците, 17 проценти од Бугарите и 16 проценти од Португалците.

Според проценките на Меѓународната агенција за телекомуникации при ОН, “ITU”, 37 проценти од светското население никогаш не користело интернет, што е околу 2,9 милијарди луѓе ширум светот.

извор: точка.мк

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail