ОКТА и Хеленик Петролеум доделуваат стипендии за постдипломски студии во Грција

okta.jpg

Втора година по ред, студенти од Македонија ќе добијат можност за стипендии од ОКТА и од Хеленик Петролеум Групацијата за постдипломски студии во Грција.

Конкурсот за аплицирање за овие стипендии е отворен, а наменет е за студентите од Машинскиот, Технолошко – металуршкиот, Природно – математичкиот, Правниот и Економскиот факултет.

Стипендиите се доделуваат за Постдипломска програма за енергетска стратегија, право и економија на Универзитетот во Пиреја, како и за Постдипломски студии по нафтен инженеринг на Техничкиот универзитет на Крит.

Покрај школарината на факултетите, стипендијата ќе ги покрива и трошоците за живот во Грција на студентите, во висина од 1.000 евра месечно. Пристигнатите апликации ќе ги оценуваат стручни комисии на универзитетите, кои ќе одлучат кои студенти ќе ги добијат стипендиите.

Истражувањата и предавањата на двете постдипломски програми се одвиваат на англиски јазик, преку спроведување иновативни методи, кои вклучуваат семинари, едукативни посети, истражувачки проекти поврзани со енергетскиот пазар и нафтената индустрија во и надвор од Грција, со посебен акцент на поширокиот Балкан и Југоисточна Европа, каде е активна Групацијата Хеленик Петролеум.

Повеќе информации за конкурсите на официјалната веб страница на ОКТА.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail