Dogovori-Pirea_Photo-4-960x683.jpg

????????????????????????????????????

Тројца македонски дипломци денеска во седиштето на ОКТА, потпишаа договор со кој компанијата ОКТА и Групацијата Хеленик Петролеум им доделуваат стипендии за постдипломски студии на Универзитетот во Пиреја, Грција. Двајца од нив, Ѓорѓи Калпакоски и Марио Менчовски добиваат целосна стипендија, во која покрај платените студии, вклучени се и трошоци за живот во висина од 1.000 евра месечно, додека Ангелчо Панов ќе добие делумна стипендија која што ја покрива школарината за универзитетот.

Стипендиите за постдипломски студии се дел од програмата Енергија: стратегија, право и економија, којашто е единствена магистерска програма од ваков вид во Југоисточна Европа и поле каде тројцата стипендисти ќе го надградат своето знаење и експертиза. На конкурсот, кој беше објавен во мај, од земјава се пријавија 14 кандидати, а изборот на добитниците на стипендија го направи стручна комисија во рамките на Универзитетот во Пиреја врз основа на образовните и професионални квалификации на кандидатите.


Со доделувањето на овие три стипендии и годинава продолжуваат проектите на ОКТА и Хеленик Петролеум за поддршка на образованието и развојот на младите луѓе во земјава.

Групацијата Хеленик Петролеум трет пат по ред доделува вкупно 25 стипендии за постдипломски студии во Грција на студенти од земјите во кои е присутна (Грција, Кипар, Црна Гора, Србија, Македонија и Бугарија). ОКТА годинава ќе поддржи уште десет студенти од земјава со доделување стипендии за постдипломски студии на пет факултети на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.

извор: 24Инфо

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail