ОКТА: Конкурс за практикантска работа во соработка со Економски факултет – Скопје

OKTA_logo.jpg

ОКТА објавува конкурс за практикантска работа во соработка со Економски факултет – Скопје

 

Услови за аплицирање:

  1. Студентот да биде во завршна година на студии од прв циклус.
  2. Студентот да биде од следниов смер: Финансиски менаџмент.
  3. Студентот да има комуникациски и организациски способности, способности за планирање.
  4. Студентот да има солидно познавање на aнглиски јазик.
  5. Студентот да има познавање на компјутерски вештини – Microsoft Office пакет.

Времетраење на пракса :

Практикантот ќе биде континуирано присутен на пракса во ОКТА, во временски период од 3 месеци, со полно работно време, почнувајќи од 10.07.2017 год.

Обврска  на  практикантот :

  • да достави потполнет документ за упатување на пракса од факултетот испечатен на официјалниот меморандум од факултетот и заверен со потпис и печат од студентската служба.
  • континуирано да води дневник за текот на праксата.
  • задолжителна редовност во компанијата за периодот на пракса.

Обврска  на компанијата :

  • да му обезбеди ментор на практикантот.
  • да му обезбеди храна и превоз на практикантот за целото времетраење на праксата.
  • да му издаде потврда за остварена пракса на студентот со потпис од овластено лице и печат од компанијата, заверена со архивски број.

Сите кандидати е потребно да испратат CV и копии од документи и уверенија кои потврдуваат дека кандидатот ги исполнува условите, на следниот контакт [email protected]

Избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју во просториите на ОКТА, по што ќе се направи финален избор на кандидати и ќе се потпише Договор за соработка со избраниот кандидат.

 

Огласот е отворен најдоцна до 30.06.2017год.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail