3434influencer.jpg

Светот на социјалните мрежи денес е незамислив без „Инстаграм“ инфлуенсерите, а колку е во тренд покажува и тоа што е отворен и факултет за инфлуенсери на социјалните мрежи.

Инфлуенсери се луѓе кои преку социјалните мрежи рекламираат одредени производи и на тој начин заработуваат пари.

За да бидете инфлуенсер треба да совладате одредени „цаки“ за да станете популарен и познат.

Поради тоа онлајн факултетот „e campus“ воведе тригодишна програма за која студентите ќе добиваат дипломи за влијание на социјалните мрежи.

Програмата за инфлуенсери ќе им помогне на студентите во стекнување на технички вештини потребни за кариера на инфлуенсери.

Студентите на „еcampus“ ќе имаат предавања од модна психологија, семиотика и филозофија на јазикот, тв историја, интеркултурна комуникација и информациска технлогија.

Досега оваа институција даваше дипломи за инжињерство, уметност и психологија, а има повеќе од 30 000 студенти.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail