Онлајн игра служи како „вакцина“ против лажни вести

igra.jpg

Играјте си со емоциите на луѓето. Претставете се како доверлив извор. Преувеличувајте.

Ова се првите принципи на добар пропагандист, кој учесниците во онлајн играта „Bad News“ можат да го научат. Создадена од тим, со седиште во Хаг, кој соработувал со Кембриџ Универзитетот, таа цели да ги научиме играчите да ги препознаваат лажните вести … откако ќе застанат на другата страна.

„Откажете се од моралните претензии и изберете го патот кон трансформација во бескрупулозен медиумски магнат. Но следете ги нивоата на корисниците и својот авторитет. Задачата ви е да добиете колку што може повеќе следбеници, откако полека ќе си изградите лажна репутација на новински сајт. Сепак внимавајте – ќе загубите ако пишувате очигледни лаги или ги разочарувате вашите поддржувачи!“, се вели во упатството.

Идејата е играчот да почне да создава пропаганда – преку полу-вистини, претерување, армии од онлајн „тролови“ и ширење страв, лутина и раздор.

„Сметаме дека најдобар начин да се создадат инстинкти за препознавање на дезинформациите е ако ја креирате сами“, велат од тимот.

DROG е мултидисциплинарен тим од научници, новинари и медиумски експерти, кои водат различни образовни програми за медиумска писменост. Учесниците се од цела Европа, но нивното седиште е во Хаг. Собрани специјално за овој проект, меѓу учесниците во него се новинар, графички дизајнер, девелопер, докторант во Кембриџ и поранешен практикант по истражување на дезинформациите во холандското МНР, но велат дека сега тимот се проширил.

„Со дезинформациите може да се води борба на бројни начини: откако ќе се сменат алгоритми на пребарувачите и социјалнтие мрежи; ако се блокираат одредени сајтови; ако се водат едукативни кампањи. Но најефективниот метод е да се едуцираат добро информирани и скептични корисници. Знаењето и образованието засега се најдоброто оружје против дезинформациите“, велат тие.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail