Онлајн конференција за студенти со презентации од Мајкрософт

2.jpg

Yearly Edu Summit 2021 е четиридневен самит кој е организиран од страна на студенти за студенти, ќе се одржи онлајн на Teams и е комбинација од студентски презентации и презентации од Мајкрософт експерти и експерти од индустријата. Почнува на 6 декември и трае до 9 декември, секој ден од 10 до 13 часот и од 15 до 18 часот.

Технички теми поврзани со Azure, Artificial Intelligence, Machine Learning, Office365, Teams, Visual Studio, .NET, како и нетехнички теми и панели, како пракса и вработување во Мајкрософт, како е да се стигне до Мicrosoft MVP (Most Valuable Professional) титулата и колку и како е признаена Мајкрософт сертификацијата и кои поволности ги имаат студентите.

За најактивните учесници секој ден ќе има Fundamentals и Role-based ваучери за полагање на Мајкрософт испитите по ваша желба.

За учество е потребно да се регистрирате на следниов линк: https://aka.ms/yearlyedusummit

Секој учесник ќе добие диплома за присуство на целиот настан.

Линк до настанот: https://www.facebook.com/events/97374389323805

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail