Онлајн предавање на тема „Влијанието на ковид 19 врз здравствените работници, полицијата и пожарникарите“

Onlajn-predavanje-na-tema-Vlijanieto-na-kovid-19-vrz-zdravstvenite-rabotnici-policijata-i-pozarnikarite-.jpg

Онлајн предавање на тема „Влијанието на ковид 19 врз здравствените работници, полицијата и пожарникарите“

Проф. Џорџ Ричардс од Универзитетот „Единборо“ во Пенсилванија во петок, 26 јуни, ќе одржи предавање за студентите на УГД преку интернет.

Предавањето ќе биде на тема „Влијанието на ковид 19 врз здравствените работници, полицијата и пожарникарите“.  Професорот Ричардс е предавач на студиите по антропологија и форензика на Одделот за политички науки и кривично право во Пенсилванија, САД.

Предавањето ќе се одржи преку платформата Microsoft Teams преку којашто во изминатиот период се држат и редовните предавања за студентите на УГД.

Предавањата првенствено се наменети за студентите од Факултетот за медицински науки и Правниот факултет, но и сите останати заинтересирани студенти можат да се пријават со испраќање мејл на [email protected].

Извор: УГД

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail