Онлајн продажбите на мало во САД ќе надминат 1 трилион долари до 2027 година

onlajn-e1491765563880.jpg

Онлајн продажбата на мало во САД ќе надмине 1 трилион долари до 2027 година во однос на 445 милијарди долари оваа година, бидејќи се повеќе Американци се пренасочуваат од физичките продавници, покажува прогнозата на консултантската компанија FTI Consulting, цитирана од Ројтерс.

Онлајн продажбата ќе се прошири со вкупна годишна стапка од 12% до 2020 година и со релативно умерените 9% во следната деценија, се наведува во извештајот претставен денеска.

Купувањата направени преку интернет, формираат 12% од вкупната продажба на мало во САД и 50% од вкупниот раст на продажбата во изминатата година, покажува уште студијата.

Според FTI вкупниот удел на Amazon.com во овие онлајн продажби најверојатно ќе се зголеми до 53% до 2027 година од 34% во 2016 година. Тоа значи дека уделот на Amazon ќе претставува речиси 12% од вкупната продажба на мало во САД до 2027-ма, во споредба со 4% во моментот.

Оваа година по посилниот онлајн бизнис уште еднаш се очекува да ја поддржи вкупната продажба за сезоната на празниците во САД – период кој обично придонесува со 20% до 40% од годишната продажба на многу трговци на мало.

Американската група на индустријата на мало, National Retail Federation прогнозира дека продажбата надвор од физичките продавници кои вклучуваат онлајн продажби, ќе се зголемат за 11% до 15% до околу 140 милијарди долари во последните два месеци оваа година. Во 2016 година, оваа продажба се зголеми за 12,6%.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top