„Опасни мапи“ откриваат ризични зони за здравјето

opasni-mapi.jpg

Јужна Америка е жариште на потенцијални вируси кои можат да бидат следната голема закана за здравјето во светот, според „опасните мапи”, кои ги изработи тим истражители од Алијансата на „EcoHealth“ во Њујорк, објави Би-би-си.

Како најопасни предизвикувачи на заразни заболувања се претставени цицачите и вирусите што ги носат со нив, и начинот како доаѓаат во контакт со луѓето. Од организацијата предупредуваат дека лилјаците носат повеќе потенцијални закани од другите цицачи. Истражувачите се надеваат дека знаењето со кое располагаат може да се искористи за да се спречи следно заболување со ХИВ, ебола или грип.

Некои од најзагрижувачките инфекции направија скок од животни до луѓе – најголемата епидемија на ебола во светот се појавила со лилјаци, додека ХИВ доаѓа од шимпанзата.
Заканата од глодари повторно е глобална, но со концентрација во Јужна Америка, велат експертите. Тие се надеваат дека нивните мапи ќе му помогнат на светот да се подготви за следната инфекција, што ја предизвикува скокот.

Д-р Кевин Оливал, еден од истражувачите, за Би-би-си изјави:
„Нашата порака е дека овие болести се појавуваат поради човечкото влијание врз животната средина. Нашиот одговор е минимизирање на нашиот контакт со живиот свет, вклучително и преку лов и уништување на живеалиштата”.

Следниот проект на истражувачите ќе биде насочен на птиците, кои се еден извор на зоонозни инфекции, како што е птичјиот грип, додава Би-би-си.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail