Опција која ќе ви се допадне: Запеј му на Google и дознајте го имете на песната која ви се врти во глава

Opcija-koja-kje-vi-se-dopadne-Zapej-mu-na-Google-i-doznajte-go-imete-na-pesnata-koja-vi-se-vrti-vo-glava.jpg

Опција која ќе ви се допадне: Запеј му на Google и дознајте го имете на песната која ви се врти во глава

На секој еден од нас со сигурност му се случило барем еднаш во животот, во главата да му се заглави некоја позната мелодија, но да не го знаеме тескстот или името на песната, а тоа знае да биде многу фрустрирачко. Доколку сте и вие еден од тие, имаме добра вест!

Со најавените ажурирања на апликацијата Google Search, а со помош на вештачката интелигенција која се користи за подобрување на корисничкото искуство се воведува една одлична нова опција на која многумина ќе се израдуваат.

Сега е доволно да знаете барем приближно како оди мелодијата на песната на чиј наслов и изведувач не можете да се сетите и гугл ќе ви ја открие.

Кога ќе го отворите Google Search, можете да го испеете или свиркате делот што го памтите и со опцијата Search a song (Пребарај песна) погледнете што ќе ви каже Google.

Внесувањето треба да трае од 10 до 15 секунди, така што алгоритмот има доволно материјал за да најде соодветна песна во базата на податоци.

Функцијата во моментов е достапна на англиски јазик за iOS и на околу 20 јазици за Android, а наскоро се планира и воведување нови јазици.

Извор: kurir.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail