Oпел дели бонуси од 8 000 евра за соопствениците на стари дизели

opel.jpg

Опел се обидува да ги тргне дизел возилата од улиците , а воедно да ја зголеми продажбата на новите модели.

Компанијата им нуди на купувачите во Германија бонус до 8 000 евра , доколку сакаат да се солободат од своето старо дизел возило. Купувачите ќе може да изберат нов автомобил или малку користен од возилата што ги користи за тестирање или демонстрација со дополнителна гаранција од две години. .

Шанса да го добијат овој “Opel Environment Bonus” имаат сопствениците на постари дизел модели со Еуро 1 до Еуро 4 стандард за емисија на штетни материи.

Условот е да го предадат старото возило , кое ќе биде уништено. Шанса за бонус имаат и сопствениците на дизел возила со Еуро 5 , но само доклклу живеат во загадените германски градови Минхен, Штутгарт, Келн и Хамбург.

Слични вакви акции веќе најавија Ауди , Сеат , Порше , Рено , Мерцедес и Фолксваген.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail