OpenSpace, нов и уникатен co-working space во Скопје

5-4.jpg

ОpenSpace со својот уникатен внатрешен дизајн со дела од млади и урбани уметници, на стартапи, фриленсери, креативци, студенти и дигитални номади им нуди поинаква перспектива на работењето

Work for yourself, not by yourself е мотото на OpenSpace, новиот социјално инклузивен co-working простор во Скопје чија цел е да понуди алтернативен простор за млади претприемачи и фриленсери кои бараат релаксирана атмосфера која ќе ги инспирира, а во исто време ќе ги направи да се чуствуваат како дома. Овој простор му овозможува на секој млад човек да си дозволи сопствен деловен простор по пониска цена, наместо да изнајмува скапа и традиционална канцаларија. Токму затоа, OpenSpace  преставува мал универзум каде уникатни и креативни професионалци се  сретнуваат, и помагаат при создавање на нови успешни приказни на стартaп сцената во Скопје и Македонија.

OpenSpace се разликува од постоечките co-working  простори во Скопје, со тоа што е единственото социјално инклузивно co-working катче, кое покрај тоа што ги спојува младите претпримачи и фриленсери, им овозможува да бидат општествено одговорни, и да допринесат при креирањето на успешни приказни на младите луѓе кои се од социјално загрозени групи. Нуди програма за пракси и ангажмани за млади луѓе кои припаѓаат на социјално загрозени групи, и кои никогаш ја немале можноста за проефесионален ангажман.

Со овој пристап, OpenSpace  сака да придонесе при создавање на општествено одговорни компании во Македонија, кои ќе се погрижат за развој на одржливо општество. Свесни дека сите претприемачи се трудат да бидат поинакви, ние им помагаме да бидат препознатливи по едно нешто, а тоа е дека се општествено одговорни, и се дел од создавањето на среќни приказни на сите млади луѓе кои ќе бидат дел од нашиот микро-универзум.

 

OpenSpace  има за цел да им понуди на студентите еден поинаков простор каде што ќе можат да работат на своите проекти. Наместо, да се собираат по кафе барови, и по студените библиотеки, OpenSpace им ја отвара вратата на својата конференциска сала по симболична цена, за изработка на своите проектни задачи.

Локација е на Бихаќка 3 (на самиот агол помеѓу Огнен Прица и Бихаќка, во каскадната зграда пред Симпо) .

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail