evn.jpg

EВН Македонија е компанија чија главна дејност е дистрибуција и снабдување со електрична енергија во Република Северна Македонија.

За потребите на одделот за Односи со корисници, бараме:

ОПЕРАТОР ВО ЦЕНТАР ЗА ОДНОСИ СО КОРИСНИЦИ (М/Ж) 

Работни задачи и активности  

  • Одговарање на барањата на корисниците преку телефон или електронска пошта
  • Одговарање на барања кои бараат стандардни одговори според однапред предвидени сценарија, но и барања кои се несекојдневни и непредвидени
  • Координација на барањата од корисниците со соодветниот  одговорен оддел/ КЕЦ и дежурните екипи  Анализа на потребите на потрошувачите
  • Подготовка на извештаи

Потребни квалификации

  • Најмалку средно образование
  • Познавање на MS Office
  • Релевантно работно искуство ќе се смета за предност
  • Комуникативност, oдговорност и подготвеност за тимска работа
  • Културно, пристојно и позитивно однесување со корисници
  • Флексибилност за ноќна работа и работа во смени

Испратете ја Вашата куса биографија и мотивационо писмо на [email protected], или потполнете ја електронската апликација на нашата интернет-страница www.evn.mk најдоцна до 17.06.2019. 

Ги покануваме да аплицираат сите кандидати кои ги исполнуваат условите!

ЕВН Македонија е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивната раса или етничко потекло, боја на кожа, пол, возраст, здравствена состојба, вид на попреченост, религиско, политичко или друго убедување, членство во синдикати, национално или социјално потекло, семеен или социјален статус, полова определба или други лични услови.

Напомена: Доколку сакате Вашите податоци да бидат зачувани во нашата база на податоци согласно Законот за заштита на лични податоци, треба да испратите и изјава за дозвола за користење на лични податоци за потребите за вработување

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail