Опремата од проектот за децата со пречки во видот во вредност од 100 илјади евра УЈИЕ ја донираше на основните училишта

Opremata-od-proektot-za-decata-so-prechki-vo-vidot-vo-vrednost-od-100-iljadi-evra-UJIE-ja-donirashe-na-osnovnite-uchilishta.png

Опремата од проектот за децата со пречки во видот во вредност од 100 илјади евра УЈИЕ ја донираше на основните училишта

Како дел од својата мисија за социјален придонес и влијание, Универзитетот на Југоисточна Европа донираше опрема во вредност од над 100 илјади евра на неколку основни училишта во Република Северна Македонија. Опремата е обезбедена од УСАИД и МФЛК (Меѓународна фондација на Лајонс клубовите), во рамките на проектот „Подобрување на видот на децата пречки во видот“.

Уредите главно се визуелни помагала, дидактички материјали, дигитални лупи, машини за пишување и печатари на Брајова азбука, паметни панели, други помошни и специјализирани уреди, како што се: Брајови екрани и тастатури, специјални предметни помагала, како на пр. математика, уметност, наука итн.

Проектот на УСАИД и ЛЦИФ за деца со пречки во видот беше 5-годишен проект кој започна во октомври 2014 година од Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) со финансиска поддршка од Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД) и Меѓународната фондација на Лајонс клубовите.

Главната цел на проектот беше да ги зголеми можностите за образование на децата со пречки во видот и да се реализира рано откривање и спречување на болестите на очите.

Проектот имаше едукативни, медицински и социјални елементи, а сопствениците на опремата сега ќе бидат од основно училиште во Скопје,в Битола, во Штип, во Тетово и во Велес.

Извор: УЈИЕ

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail