Општина Центар и Филозофскиот факултет потпишаа Меморандум за соработка

opstina-centar.jpg

Градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ и деканот на Филозофски факултет при Универитетот „Св.Кирил и Методиј“ проф.д-р Ратко Дуев потпишаа Меморандум за соработка.

Меморандумот предвидува во рамките на детските градинки кои се во надлежност на општина Центар да се овозможи педагошка практика на студентите од Филозовскиот факултет. Студентите преку практика ќе се здобијат со искуство од воспитно образовната работа со што се овозможува нивно професионално оспособување како идни педагози.

На воспитно образовниот кадар ќе му бидат овозможени консултација, информирање и обучување што ќе го спроведуваат професорите од Институтите во рамките на факултетот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top