Oпштина Крива Паланка додели 13 стипендии за талентираните ученици и спортисти

74693193_2718253048220116_1393209759288524800_n-750x406.jpg

Во кабинетот на градоначалникот Борјанчо Мицевски, денес беа потпишани вкупно 13 договори за стипендирање и поддршка на младите таленти -ученици средношколци и студенти од општина Крива Паланка, како и стипендии за спортисти ученици, во индивидуални спортови и ученици спортисти во екипни спортови од основните училишта на подрачјето на општина Крива Паланка и средните училишта од Република Северна Македонија за 2019/2020 година.

Стипендиите се доделени врз основа на распишаниот Конкурс за доделување на стипендии за талентирани ученици и студенти за учебната 2019/2020 година и распишаниот Конкурс за доделување на стипендии за спортисти-ученици од основните училишта на подрачјето на општина Крива Паланка и средните училишта од Р.Македонија за учебната 2019/2020 година. Стипендиите се во висина од 3.000 денари месечно, а се исплатува 9 (девет) месеци во годината.

Од потпишаните тринаесет договори за стипендирање, пет се доделени за стипендирање на талентирани ученици-средношколци и талентирани студенти и осум стипендии се доделени за талентирани спортисти од кои, 5 стипендии се за индивидуални спортисти, а 3 стипендии за учници во екипни спортови.

Исто така општината врз основа на распишаниот Конкурс за субвенциониран превоз и согласно склучениот Меморандум за соработка со АДПТУ „Пролетер“ , додели и субвенција за четири студенти кои студираат на државните универзитети во Скопје. Субвенционирањето е со два повратни месечни билети за тековната студиска година со можност истите да продолжат да ги користат субвенциите и во наредната година врз основа на исполнетост на одредени услови.Од претходната година правото на продолжување на субвенција остварија двајца студенти.

Градоначалникот нагласи дека Општината ги спроведува овие активности со цел да ги стимулира, мотивира и на овој начин поттикне учениците во остварувањето на поголеми успеси и резултати во нивниот понатамошен живот во нашата локална заедница.

–Горд сум на Вас што Ве гледам како еден мал тим, кој за постигнатите успеси добива награди, и ќе продолжите успешно да ја претставувате нашата општина и понатаму. Ми претставува голема чест и задоволство што денеска Ве имам вас како гости и воедно ви посакувам многу успеси, здравје и среќа и успеси во секој момент во понатамошниот живот, рече првиот човек на општината,Борјанчо Мицевски.

извор: ипортал

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail