„Ораторска вечер“ по седми пат – пријавување до 1 март

fe77b047cf65bbf66915926fa3c00c93_XL.jpg

По седми пат, под мотото „Размислувај гласно“, студентите на УГД ќе можат да ги претстават своите ораторски способности и да ја покажат својата креативност. Јавниот повик за пријавување на заинтересираните студенти за учество на оваа манифестација е веќе објавен, а пријавувањето ќе трае до 1 март 2017 година. Студентите можат да се пријават кај професорите Димитар Апасиев и Елена Иванова, како и на Фејсбук профилот на Клубот на оратори „Rostra vetera“.

Седмата ораторска вечер на Правниот факултет ќе се одржи на 31 март 2017 година.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail