Ораторски натпревар УКЛО ТРИВИУМ

uklo-natprevar.jpg

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, на 24 април 2017 година ќе  одржи ораторски натпревар УКЛО ТРИВИУМ.

На вториот по ред УКЛО ТРИВИУМ, дваесетина  студенти од Економскиот, Правниот, Педагошкиот, Факултетот за безбедност, Високата медицинска школа и Технолошко – техничкиот факултет ќе се натпреваруваат на темата: ЈАС СУМ СТУДЕНТ. ИМАМ ПРАВО НА ИЗБОР ЗА ЕВРОПСКАТА УНИЈА!

Ораторските вештини на учесниците ќе ги оценува посебна жири комисија. На тројцата најдобри говорници Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола ќе им додели парични награди, а за другите учесници обезбедени се пригодни подароци и пофалници за учество на настанот.

Најдобрите оратори  ќе го претставуваат УКЛО на државниот натпревар по повод 9 Мај, Денот на Европа.

УКЛО ТРИВИУМ се одржува во рамки на одблежувањето на Денот на основањето на Универзитетот, 25 април.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail