Орган за чување на сеќавањата

organ.jpg

Елементариум – Белград

Кога пред неколку милениуми би прашале фараон од Средното Египетско Кралство каде се наоѓа неговото „јас”, би покажал кон срцето, кое според неговото верување е седиште на интелигенцијата.

Фараоновото срце затоа е чувано на свое место при мумифицирање, додека мозокот бил отстрануван како помалку значаен орган. Дури ни по еден милениум Аристотел не одлучил умот да го премести во мозокот, туку на овој орган му доделил скромна улога на машина за ладење на крвта.

Со преместување на интелектот од срцето во мозокот посветено е поголемо внимание и објаснување за функционирањето на органот за кој е поврзан човековиот идентитет. Додуша, објаснувањата останале многу симпатично темелени на метафори и асоцијации во согласност со трендовите на развојот на техниката и науката.

Развојот на хидрауликата ја асоцирал работата на мозокот со движењето на флуидот, развојот на хемијата и електрониката на лекарот и физичарот Херман фон Хелмхолк му овозможил да го спореди мозокот со телеграф, а појавата на компјутерите го навела математичарот Џон фон Нојман да го гледа мозокот како дигитална машина.

Мозокот е одговорен за процесите на памтењето кои го сметаме за важен дел од идентитетот. Помнењето не е се што сме ние, но тоа е важен дел од личноста бидејќи одлуките и размислувањата секогаш се прекршуваат преку призмата на тоа на што се сеќаваме. Ако забележиме дека помнењето кое го делиме на краткорочно и долгорочно потсетува на компјутерска работа (РАМ) и секундарна, постојана меморија (хард диск), во стапица сме да подлегнеме на привлечната метафора која може да наведе на погрешно разбирање на начинот на кој памтиме и постоиме. Во начинот на функционирањето на меморијата на мозокот и компјутерот постојат суштински разлики.

Кога во средина на 20-от век психологот Карл Лешли во своите експерименти тргнал во потрага за енграми, во кои претпоставувал дека се наоѓа меморијата, дошол до неочекуван резултат. На глувците кои ги научил да минат низ лавиринт им отстранувал делови од мозокот и забележал дека на тој начин само ги успорува да го минат лавиринтот, но не ги спречува по некое време да го најдат излезот. Заклучил дека меморијата не е локализирана на едно место, туку веројатно се простира по церебралниот кортекс.

Ваквото откритие станало помалку изненадувачко благодарение на невронаучникот Ерик Кандел и работата за која добил Нобелова награда во 2000 година. Проучувајќи еден вид на морски полжави и нивниот дисециран нервен систем, Кандел во 60-те години забележал дека надразбите кои патуваат низ нервниот систем формираат нови, до тогаш непостоечки, врски меѓу невроните.

Заклучил дека информациите не се чуваат во постоечките нервни клетки туку тие се во формирани сложени структури.

Ако се обидеме да се сетиме на презиме на некој познаник, во свеста спонтано ќе го привикаме неговиот лик или ќе ја слушнеме реченицата која ја изговорил последен пат кога сме го виделе. Ова обединување на различни сензации во еден спомен се одигрува со помош на хипокампусот кој консултирајќи ја амигдалата го проценува емотивниот одзив на сензацијата што влијае на силата на врската меѓу невроните, т.е. на стабилноста на сеќавањето на одреден момент. Оваа човечка меморија се чини целосно поинаква од меморијата на компјутерите давајќи и асоцијативен карактер и различно третирање на сеќавањата со различен емотивен одзив.

Така постојат случаи на изразено автобиографско помнење, просечен човек заборава многу од преживеаното. Самиот процес на селекцијата, што памтиме а што забораваме, може поефективно да не идентификува од самата содржина на памтењето. Поистоветувањето на личноста со тоа што го запамтила може да биде посебно проблематично ако се земе предвид доследноста на помнењето.

Психологот специјализирана за човечкото помнење Елизабет Лофтус во 70-те години од минатиот век во своите експерименти открила силно влијание на сугестијата на памтењето успевајќи со сугестија да ги промени запамтените податоци на испитаникот.

Дваесет години подоцна, мотивирана од случаи на невино осудени на затворски казни, што било предизвикано од грешки во помнењето на сведокот, одлучила да се посвети на проучување на лажните сеќавања. Во своите експерименти кај 25 отсто испитаници успешно имплементирала лажно сеќавање на настан кој никогаш не се случил.

Ако не можеме да веруваме во своите сеќавања, имаме уште поголем проблем со прашањето за личниот идентитет. На одговорот може да се приближат два големи истражувачки потфати Неуралинк и Кернел кои ги покренале иноваторите и бизнисмени Илон Маск и Брајан Џонсон.

Целта на овие два проекта може да се опише како еден од обидите за подобро разбирање на човечкиот мозок со цел за поефикасно лечење на Алцхајмеровата или Паркинсоновата болест. Вниманието сепак го привлекле поради амбициозно формулираните мотиви кои многу популарно се движат од обид за разбирање на алгоритмите на мозокот, негово хакирање, поврзување со надворешната меморија, или дури кажано во шега, спречување на појава на Скај Нет.

Денес мозокот сам за себе мисли дека е најкомплексна структура во познатиот универзум. Се обидуваме да се огледаме на него, но поради нецелосното разбирање и понатаму наоѓаме само дел од деталите. Новите големи потфати газат далеку во непознатото, но стапуваат никогаш поблиску до тоа што сме ние и не се обидуваат само да одговорат на прашањето што сме, туку храбро го поставуваат прашањето што можеме да бидеме.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail