Ослободедте се од вашиот отпад и добијте: ТЕЛЕВИЗОРИ, СМАРТ ТЕЛЕФОН, ФОТОАПАРАТ, ДВД или ТОСТЕР!

elektricni-aparati.jpg

Почнувајќи од 1 мај па сe до 28 јуни, фирмата „Елколект“ ќе им овозможи на жителите на Општина Гази Баба да учествуваат во акција „Да рециклираме и да се наградуваме“ за ослободување од своите отпадни електрични и електронски апарати, а со тоа да станат потенцијални добитници на една од петте вредни награди: ЛЕД-телевизор, фотоапарат, смарт телефон, ДВД или тостер.

Секој полнолетен граѓанин кој ќе достави отпаден електричен или електронски апарат во еден од магацините на „Елколект“ лоцирани на територија на Општина Гази Баба станува потенцијален добитник на вредна наградна. Со зголемување на бројот на донесени отпадни апарати се зголемува и можноста за награда. Магацините се на улицата Лазар Поп Трајков број 26 во населбата Автокоманда и на улицата 6 во селото Стајковци, во непосредна близина на ОУ „Kирил и Методиј“.

Подетални информации за правилата на наградната игра жителите на Гази Баба може да добијат и на телефонскиот број: 02/3097-766 или на веб-страницата на „Елколект“. Kако информативен материјал, на целата територија на Општина Гази Баба се поделени 5.000 летоци и 200 постери за акцијата што ќе тече во следните 60-ина дена.

Важно е да се напомене дека одредени видови отпадни електрични и електронски апарати носат по два купона: големи домашни апарати; опрема за информатичка технологија и телекомуникација; опрема за широка потрошувачка и забавна електроника, телевизори, електричен и електронски алат и електрични и електронски играчки и опрема за забава и спорт.

За доставени пет отпадни светилки се добива еден награден купон. Резултатите од извлекувањата ќе бидат објавени на веб-страниците на „Елколект“ и на Општинатa – информираат од Општина Гази Баба.

Kомпанијата „Елколект“ во соработка со Гази Баба, оваа акција со наградување на совесните граѓани ja спроведува за подигање на јавната свест за начинот на кој треба да се складира овој вид отпад, имајќи предвид дека е – отпадот во себе има опасни материјали штетни за здравјето на човекот и непосредното животно опкружување, како и од причина што е забрането да се фрла е-отпад заедно со останатиот комунален отпад.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail