Осмомартовскиот марш во Скопје го почнаа студентите од УКИМ

89423708_1241393832717247_4479505706948493312_n-702x336-1.jpg

Под мотото „Студентките не се виновни“, студентите тргнаа од кампусот на УКИМ на Осмомартовскиот марш кој денеска се одржува во центарот на Скопје.

„Тука сме денеска за да го прославиме 8 март, иако не е среќен, ние сме на улица. Сметаме дека оваа проблематика мора да се стави во фокусот на академската заедница“, истакна Катерина Иванова претседателката на студентската комисијата за заштита на маргинализирани групи.

Нејзината колешка, Милена Јаневска, од Комисијата пак додаде дека годинава за првпат се става фокус на студентките, кои честопати се соочуваат со дискриминација на факултетите.

„Се надевам дека, иако сега сме малку пред Ректорат, ќе се приклучат сите студенти на маршот“, рече Јаневска.

Со скандирање „Системот е проблемот“ и „Права, права, женски права“ тие се упатија од Ректорат, преку плоштадот Скендербег, се до плоштадот Филип Втори, каде тргнува големиот Осмомартовски марш под мотото „Ти не си виновна“..

„Не можеме да бараме целосно вклучување на жената во општеството како рамноправна, како човек, ако образовниот процес постојано и се загрозува уште од основното па се до високото образование. Време е да застанеме заедно и да се спротивставиме на сите оние кои си дозволиле да ги поминат границите на својот авторитет, време е да се спротивставиме на сите кои сметаат дека жените стојат на располагање за чисто естетски причини и на сите кои сметаат дека не сме во позиција да кажеме “НЕ”. Време е да им подадеме рака на колешките, да им се придружиме во борбата и да им помогнеме да им се чуе гласот“, стои во пораката на студентскиот осмомартовски марш.

Извор: радиомооф

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail