Основачот на „Алибаба“, Џек Ма заминува во пензија и се враќа на студентите

d6u551ec_jack-ma-alibaba-reuters_625x300_08_September_181.jpg

Основачот и извршен претседател на Алибаба групацијата, Џек Ма, еден од најбогатите во Кина, в понеделник заминува во пензија. Поранешниот наставник по англиски јазик има намера повеќе да се посвети на хуманитарни акции и образование, објави Њујорк тајмс.

Ма во изјава за весникот појасни дека ќе остане во УО на Алибаба и ќе продолжи со менторство со управувањето на е-трговијата.

Засега не е јасно дали компанијата ќе именува нов извршен директор. (МИА)

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top