Основачот на Алибаба предупредува – Вештачката интелигенција е закана за човештвото

gek-ma.png

Компјутерот секогаш ќе биде попаметен од вас. Тој никогаш не заборава, никогаш нема да се налути. И Џек Ма им се приклучи на низата на иноватори и научници во предупредувањата против вештачката интелигенција.

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

Според основачот на Алибаба, среќни сме што живееме во свет кој што минува низ една голема трансформација поради технологијата. Сепак, тој предвидува дека секоја нова технологија може да создаде општествени проблеми, па луѓето мора да соработуваат затоа што самата технолошка револуција создава нерамнотежа во светот.

Тој се осврна на развојот на вештачката интелигенција и исто како и многу други истакнати личности, научници и иноватори, предупреди за штетата која што може да ја направат „екстремно паметните компјутери“.

„Вештачката интелигенција е закана за човештвото. Мислам дека вештачката интелигенција треба да им биде поддршка на луѓето. Технологијата секогаш треба да им служи на луѓето, а не да им оневозможува работи“, изјави Џек Ма на Светскит економски форум во Давос.

„Но, компјутерите не можат да бидат мудри како луѓето. Вештачката интелигенција и роботите ќе уништат многу работни места, затоа што во иднина машините ќе вршат многу работи“, изјави основачот на Алибаба.

Со оглед на тоа што денес најголемите технолошки гиганти работат на развој на вештачка интелигенција, Џек Ма беше запрашан за одговорноста на тие компании.

„Гугл, Фејсбук, Амазон и АлиБаба – ние сме најсреќните компании во овој век. Но, наша одговорност е да имаме добро срце и да правиме добри работи. Мораме да се погрижиме дека се што правиме да биде насочено кон иднината“, изјави Ма.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top