Applications-for-the-2018-Google-AI-Residency-Program-are-open.png

Applications for the 2018 Google AI Residency Program are open

Основачот на интернетот, Тим Бернерс-Ли, смета дека кога-тогаш мора да биде урнат монополот на технолошките гиганти Гугл и Фејсбук.

– Неприкосновеноста на Гугл и Фејсбук е поголема од онаа на повеќето држави. Тие станаа толку доминантни, па време е да бидат уништени – изјави експертот по информатички науки.

Скандалозноста на овие компании го достигна врвот со случајот со злоупотреба на милиони лични податоци поврзани со фирмата Кембриџ Аналитика. Основачот на глобалната мрежа е прилично незадоволен од неа, зашто „во моментов е загубено секакво чувство за лична безбедност“.

Бернерс-Ли натаму истакна дека социјалните мрежи се најголем извор на омраза, „а против тоа не може да се бориме“ – нагласи тој категорично.

– Доколку пуштите капка љубов на Твитер, ништо нема да се случи, но пуштете капка омраза, и таа ќе се рашири за миг – посочи Бернерс-Ли.

Професорот на Технолошкиот институт при Универзитетот на Масачусетс и на Оксфорд, Тим Бернерс-Ли 1989 година ги изработи протоколите, по кои интернетот функционира и ден денешен.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail