svetionikkk-560x390.jpg

Локалните власти на островот на кој се наоѓа светилник во близина на Сан Франциско распишале конкурс во кој бараат двајца светилничари. Платата не е лоша, но списокот со должности е малку подолг.

Годишната плата за оваа, на прв поглед, работа од соништата, е 130.000 долари, пишува Гардијан.

Објектот е туристичко-угостителски па светилничарите мораат да знаат добро да готват, чистат, пружаат разни услуги за гостите и организираат набавка на намирници.

Мора исто така да знаат и да користат брод што значи дека е задолжителна и капитенската дозвола од Крајбрежната стража на САД.

– Професијата е секако примамлива, но има доста работа. Распоредот е напорен. Често трае од рано утро до доцна во ноќта. Во описот е возење на гостите од и до островот, потоа подготовка на појадок и вечера, па чистење, рекла Џилијан Микер, светилничарка која ја напушта оваа професија, но и која ќе помага квалитетните кандидати да дојдат на нејзиното место.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail