Осум начини за финансирање на вашиот стартап

startup-e1481025057601.jpg

Водењето на свој бизнис е одличен начин за да искусите флексибилна кариера и финансиска самостојност. Иако станува збор за идеја која му има поминато низ умот скоро на секого, многу малку луѓе се обиделе да ја реализираат. Имено, голем дел од потенцијалните претприемачи се откажуваат уште на првиот чекор кој е најкритичниот, односно пронаоѓањето на потребните средства за лансирање. Еве неколку начини како да го олесните овој иницирачки процес.

1. Остварете партнерство

Еден од најчестите и најдиректните методи за финансирање на нов бизнис е остварување на партнерство со инвеститор кој може доста да придонесе за бизнисот, не само почетен капитал. Иако некои посакуваат нивниот инвеститор да има само пасивна улога, други ги вклучуваат своите инвеститори во секој аспект на процесот на донесување одлуки. Со знаење од индустријата, искуство од прва рака и посветеност на профитабилноста на вашата компанија, надворешните инвеститори се вистинското нешто за претприемачот на кој му недостасуваат средства.

2. Земете заем

Во некои случаи земањето на заем од локална банка може да биде единствената опција кога станува збор за започнување на бизнис, но тоа е  ризично, особено кога ви недостига инвестициски капитал за да започнете. Важно е да ги разберете сите аспекти на договорот за заем и да ви бидат јасни роковите за отплаќање, кредитните стапки и дополнителните провизии. Исто така, ќе сакате да одбегнете земање на заем поголем отколку што ви е потребен, бидејќи ваквите нешта можат негативно да се одразат подоцна.

3. Групно финансирање

Иако релативно нов концепт, crowdfunding кампањите станаа многу популарни особено во финансирање на идеи за технолошки и електронски решенија. Една успешна приказна која сведочи за позитивноста на овој начин на финансирање е уредот на Микрософт наречен Oculus Rift кој претставува
алатка за виртуелна реалност, чија првична идеја обезбеди 2,4 милиони долари преку crowdfunding кампања. Инаку, овие средства беа собрани во период од само 30 дена. Ова не само што сведочи за интересот кој постои на пазарот за уреди за виртуелна реалност, туку сведочи и за волјата на купувачите да придонесат за развивањето на еден производ преку платформи за прибирање на средства.

4. Искористете ги предностите на кредитната картичка

Претприемачите со неверојатен кредит можат да ги искористат своите сметки за финансирање на свој стартап. Всушност,  дури 60% од сопствениците на мали бизниси се потпираа на своите кредитни картички за да избегнат банкрот за време на рецесијата во 2008 година. Иако некои се потпираат на својата лична сметка, многу банки и институции нудат картички наменети само за сопственици на мал бизнис или за стартап претприемачи.

5. Обезбедете државен грант

Доколку се достапни, не треба многу да размислувате за аплицирање за државен грант за финансирање на вашата
стартап идеја. За разлика од заемите од банка, грантовите никогаш не треба да се враќаат. Ова значи дека почетниот дел на капиталот ќе ви биде ослободен и ќе имате предност при започнувањето на бизнисот.

6. Учествувајте во стартап натпревари

Претприемачката мисловна рамка стана толку популарна во последно време и кај сопствениците на големи бизниси, што многу од нив веќе одржуваат натпревари, фестивали и останати промотивни програми со цел да откриваат нови  стартапи и да ги капитализираат најдобрите идеи. Иако овие иницијативи се секогаш добредојдени особено кога една стартап идеја ќе освои награда која ќе помогне при лансирањето, не треба да се потценат и другите предности кои овие настани ги имаат за стартапите како зголемување на видливоста. Доколку се пријавите со вашата стартап идеја на ваков натпревар и не ја освоите финансиската награда, можеби некој друг магнат ќе ве забележи и ќе биде заинтересиран да инвестира во вашата идеја.

7. Вклучете се во стартап програма

Стартап програмите, или уште попознати како инкубаторски или акцелераторски програми, им овозможуваат на оние што посакуваат да станат претприемачи ресурси, информации и пристап до можности за финансирање насочени единствено кон нови бизниси. Повеќето од овие програми функционираат како мала заедница која се состои од луѓе фокусирани единствено кон лансирање на стартапи.

8. Прифатете акционерски капитал

Иако ова е можеби можноста која ретко се случува, овој процес ви овозможува да понудите удел од својот бизнис во замена за свежи средства. Нивната асистенција би била нешто повеќе од инвестициски капитал, меѓутоа нивната вклученост ќе помогне да се надоместат некои други трошоци за стартување на бизнисот и ќе ви овозможат пореалистична цел за финансирање во иднина.

Откако ви дадовме неколку идеи за да почнете да размислувате како ќе ја финансирате вашата стартап идеја, време е да искористете некои од понудените ресурси. Иако некои од овие решенија се одлични кога барате првичен капитал за започнување бизнис, многу претприемачи се навраќаат на нив дури и кога нивниот стартап работи веќе некое време со цел да се ги прошират своите хоризонти и да ја одржат конкурентноста.

(Еntrepreneur)

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail