Осум неверојатни работи кои ги практикувале древните Египќани

egipcani.jpeg

Порталот “Bright Side” направил листа на интересни факти за древните Египќани и за тоа колку била напредна нивната цивилизација.

Ваделе железо од метеори

Археолозите во една од старите гробници пронашле метални парчиња. Пронаоѓањето на металот бил уникатен бидејќи се поставува прашањето како тие добиле парчиња метал, со оглед на тоа што железото почнало да се произведува 2000 години подоцна. Одговорот го крие еден хиероглиф кој значи “железо” и кој може да се преведе како “метал од небото”, што значи дека тие биле произведувани од метеоритски материјал.

Користеле паста за заби

Постојат неколку докази кои укажуваат на тоа дека Египќаните користеле паста за заби од 5.000 година п.н.е. Тие за производство на пастата користеле прашок кој се состоел од неколку различни состојки кои им биле достапни.

Се лекувале со антибиотици

Иако антибиотиците се официјално измислени во 20-иот век, лекарите од древен Египет користеле мувлосан леб за лекување на раните. Таквиот вид на лек функционирал одлично.

Ја формирале првата полициска станица во светот

Во периодот на Средното кралство (2050-1800 година п.н.е.) била формирана првата полициска сила на светот. Во склопот на полицијата се наоѓале најлојалните војници и странски платеници, а како придружба користеле кучиња и мајмуни. Офицерите имале улога на заштитници на храмовите и градските плоштади, а ги штителе и припадниците на горната класа и караваните од криминалци.

Го произвеле првото пиво

За повеќето е познат фактот дека работниците кои ги граделе пирамидите биле плаќани со 4-5 литри пиво дневно. На основа на тој податок може да се заклучи дека пивото во Египет било на добро ниво.

Користеле брави

Овој изум настанал во Египет и Кина. Веројатно поради големиот број на луѓе кои се наоѓале во близина на нивните домови, соседите наоѓале причина да ја заклучуваат својата врата. Бравите од древниот Египет имале посебен механизам.

Обожувале куглање

Во една древна населба во близина на Каиро е пронајдена играчница која датира од 3200 година п.н.е. Таа имала обележани патеки и топки со различна големина со дупки за прстите. Правилата биле очигледно различни, но играта е повеќе од препознатлива.

Лечеле очни инфекции

Очните инфекции биле едни од вообичаените болести помеѓу Египќаните. Тие користеле разни, но понекогаш и чудни методи за лечење. Еден рецепт гласел вака:
Подели го човечкиот мозок на 2 дела. Измешај ја првата половина со мед и нанеси ја на окото навечер. Исуши ја втората половина и нанеси ја на окото наутро.“

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail