Освоила 560 милиони долари, но одбива да направи една работа за да може да ги подигне парите

lotarija.png

Жена од американски Њу Хемпшир која што освоила 560 милиони долари на американската лотарија „Пауербол Џекпот“ се бори на суд за да остане анонимна.

„Секој продавач сонува дека во својата продавница ќе го продаде ливчето со џекпот, а тоа ми се случи баш на мене. Пресреќен сум“, изјави сопственикот на „Ридс Фери Маркет“, Сем Саф.

Меѓутоа, среќниот добитник не сака да биде објавено неговото име во јавноста. Минатата седмица, адвокатите на добитничката на 560-те милиони долари, поднеле тужба против Комисијата за лотарија за идентитетот да остане приватен.

Во тужбата било наведено дека жената ги прочитала инструкциите на сајтот на Комисијата и се потпишала на задниот дел од ливчето без да знае дека нејзината приватност е засекогаш изгубена.

Комисијата во Њу Хемпшир барала од победникот да го потпише ливчето пред да биде врачена наградата. Доколку жената ставела потпис на задната страна од добитниот тикет во името на повереникот, тогаш ќе можела да ја задржи својата приватност. Од Комисијата откриле дека правилата се такви поради безбедносни причини.

Сепак, жената инсистира да остане анонимна и во тужбата навела имиња на неколку други добитници на лотарија кои што биле нападнати, а некои и убиени, откако нивните имиња биле објавени во јавноста.

„Лотаријата на Њу Хемпшир сфаќа дека добивката од 560 милиони долари е пресвртница во животот. Во текот на изминатите години доделивме низа на добивки и разбираме дека постоечките процедури се критично важни за безбедноста и интегритетот на лотаријата, на нашите играчи и игрите. Иако ја почитуваме желбат на добитничката да остане анонимна, државните статути и правилата на играта јасно го диктираат протоколот. После советувањето со адвокатите, заклучено е дека Лотаријата мора да продолжи да делува во согласност со правилата“, изјави Чарли Мекинтајер, извршен директор на Лотаријата на Њу Хемпшир.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top