Откако возот се расипа, студент одржа доделување на дипломи во подземната железница (видео)

5.6.dodeluvanje-diplomi.jpg

Џерих Алкантар дипломираше на Универзитетот Хантер, на Менхентен. Меѓутоа, возот со кој патуваше до факултетот на свеченото доделување на дипломите се расипа. Додека беа отстранети и решени техничките проблеми, церемонијата на доделување беше завршена, па Алкантар одлучи да си направи мало свечено доделување на дипломата во подземната железница.

„После 45 минути знаев дека веќе задоцнив. Ми изгледаше дека сите во возот се вознемирени и уморни од сето тоа. Затоа одлучив да им се заблагодарам што беа со мене во моментите кога ја добивав дипломата“, изјави Алкантар.

После неговиот говор сите патници му аплаудираа и честитаа. Надија Афзал, една од патничките, ја сними целата ситуација и краткото видео го објави на Фејсбук.

На видеото може да се види како Алкантар одржува краток говор, после што тој и неговиот пријател ја одглумија церемониајта на свеченото доделување на дипломите. Се ракуваа и си споделија имагинарни дипломи, додека од звучниците одеше песната Time Of Your Life од Green Day.

Кога Алкантар најпосле стигна на факултет, неговото семејство и пријателите го чекаа во празната сала.

Poor kid missed his graduation because of the train delay this morning….so we threw him a graduation on the train.

Posted by Nadiya Afzal on Dienstag, 30. Mai 2017

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail