Откажан дочекот на Новата 2017 на плоштад Македонија, Град Скопје ќе ги донира средствата

eleka.jpg

Градот Скопје ја информира јавноста дека се откажува од дочекот на Новата 2017 година што требаше да се одржи на плоштадот Македонија.

-Средствата коишто беа планирани за организирање на дочекот и се во изност од околу 2 милиона денари ќе ги донира во социјални цели. Одлуката каде ќе бидат донирани средствата ќе ја донесе Советот на Град Скопје, информираат од Градот.

Градот Скопје веќе 10 години наназад троши минимални средства за организирање на дочекот на Новата година затоа што забавата за граѓаните ја финасираа мибилните оператори во земјава, а годинава спонзор на забавата требаше да биде Македонски Телеком.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail