Откажан јубилејниот 20-ти Егзит: До крајот на месецов ќе се објават датумите за Егзит 2021

Festival-Egzit-960x638-2x.jpg

Откажан јубилејниот 20-ти Егзит: До крајот на месецов ќе се објават датумите за Егзит 2021

Годинашниот јубилеен 20. Егзит на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, Србија, дефинитивно нема да се одржи.

Ова го објавија организаторите на интернет-страницата на фестивалот, нагласувајќи дека „за жал здравствената состојба во земјата не е подобрена“ поради корона-епидемијата.

„Имајќи предвид дека здравјето и безбедноста на сите учесници на фестивалот се наш приоритет број еден, сакаме да ве информираме дека одбележувањето на 20-годишнината од фестивалот Егзит дефинитивно нема да се случи од 13 до 16 август годинава на Петроварадинската тврдина“, се вели во известувањето.

Како што се наведува, до крајот на месецов ќе се објават датумите за Егзит 2021, а дополнително известување за повраток на парите за влезниците следи наскоро.

Извор: denesen.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail