Откриен е изгубен антички град: Мистерија е зошто никој досега не го истражувал овој рид!

tocka-216398.jpg
Археолозите пронашле 2.500 години стар и изгубен град во Грција, јавува „The Independent”.

Научниците од Универзитетот во Гетеборг во Шведска и Универзитетот во Бернемаут во Велика Британија почнале да ги истражуваат урнатините во близина на селото Влочос во Тесалија, околу 300 километри северно од Атина.

„И додека некои урнатини веќе од порано биле познати се сметало дека припаѓаат на историски незначителна населба на ридот“, рекол лидерот на истражувањето Робин Ронланд.

„Јас и колегата наидовме на локацијата при истражување на друг проект. Во истиот момент го сфативме нејзиниот огромен потенцијал. Фактот дека ридот никој досега не го истражувал е мистерија“, рекол тој.

Истражувачкиот тим кому му се придружиле и грчките археолози, пронашол остатоци од кули, ѕидови и градски порти на подножјето и падините на ридот. Нивната желба е да избегнат ископување на локалитетот, се надеваат дека истражувањето ќе можат да го спроведат со помош на радари, што ќе ги зачува урнатините.

Во првите две недели од истражувањето на првото поле во септември археолозите пронашле и античка керамика и монети кои датираат од пред околу 500 години пред Христа.

Ронланд смета дека градот бил во својот врв во четвртиот и третиот век п.н.е., пред да биде напуштен. Се` уште не е познато зошто но експертите тоа го поврзуваат со ширењето на Римската империја.

Археолозите ќе почнат да го истражуваат второто поле во август следната година.

„Многу малку се знае за античките градови во оваа област, а многу историчари веруваат дека Тесалија била помалку развиена област во античкиот период. Нашиот проект според тоа потполнува важна дупка во историското познавање на таа област и покажува дека останува да се откријат уште многу работи на територијата на Грција“, заклучил Ронланд.

 

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail