Откриен е радиоактивен облак над Европа: Научниците збунети, не знаат од каде е изворот

evropa1.png

Ширум Eвропа во јануари оваа година е забележан загрижувачки степен на радијација, а научниците цело време безуспешно се ободуваат да го пронајдат изворот. Некои се сомневаат дека за сето тоа е виновно нуклеарното тестирање кое што Русите го извеле на Арктикот, а другите пак сметаат дека за опасното радиоактивно зрачење во Европа е одговорна фармацевтската индустрија.

Францускиот нуклеарен институт „ИРСН“ соопшти дека во анализите биле откриени траги на радиоактивен јод-131 во атмосферата над северна Норвешка, Финска, Полска, Германија, Чешка, Франција и Шпанија.

Експертите најмногу се загрижени поради фактот што и покрај тоа што европските институти располагаат со најсовремена технологија, и натаму не знаат која е причината за радиоактивниот облак над Европа, кој што денес наводно сепак бил во границите на нормала.

Норвешката агенција за заштита од радијација „НРПА“ ја потврди оваа загрижувачка информација, но уверува дека радиоактивниот облак сепак не претставува закана по здравјето на Европејците.

Инаку, веќе подолго време се шпекулира дека Русите во тајност тестирале нуклеарно оружје на подрачјето на Арктикот, наводно во областа Новаја Земја. Радиоактивниот јод-131 за прв пат бил откриен од научниците на два Универзитети во Калифорнија во 1938-ма година, а подоцна го поврзале со радиоизотоп сличен од тестирањата на атомските бомби кои што ги спровеле Русите и Американците во 50-тите години од минатиот век.

Истите опасни радиоактивни честички претставувале закана по здравјето на луѓето и после нуклеарната катастрофа во Чернобил во Украина во 1986-та година и после несреќата во нуклеарната електрана Фукушима во Јапонија во 2011-та година.

Сепак, научниците потсетуваат дека спорниот јод-131 се користи и во медицинската индустрија за лекување на болести поврзани со штитната жлезда.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail