Откриен изворот на “мистериозните вонземски сигнали”

signali.jpg

Најновите истражувања покажуваат дека изворот на радио-блесоците, забележани по пат на телескоп на Земјата, би можеле да бидат јато млади ѕвезди кои се оддалечени 2,4 милијарди светлосни години од Сончевиот систем.

Астрономите од холандскиот Институт за радио астрономија во Двингело веруваат дека радио-блесоците се емитирани од страна на ѕвезди кои се оддалечени 6.200 светлосни години од центарот на малата галаксија, наречена FRB 121102. До тој заклучок дошле, благодарение на најновите податоци добиени со телескопот Хабл.

Радио-блесоците кои траат по неколку милисекунди, доаѓаат од правец на густи неутронски ѕвезди кои остануваат по експлозија на супернова.

Во студијата која била објавена во списанието The Astrophysical Journal, истражувачкиот тим на чело со Пол Шол, навел дека со помош на телескопот Грин Бенк детектирале пет сигнали на 2 GHz, и еден со помош на радио-телескопот Аресибо на 1.4 GHz.

Кога блесоците за првпат биле откриени, астрономите се обратиле до институтот SETI со молба да се утврди дали станува збор за сигнали кои ги испраќа некој облик на вонземски живот. Не се знае дали тоа ќе биде случај и овој пат, пренесува Daily Mail.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail