Откриен нов тип на неврон

nevron.jpg

Нов тип на неврон бил откриен од истражувачите од Универзитетот во Амстердам, кој игра клучна улога во навигацијата со поголем обем. Научниците го нарекле овој неврон позициониран во перирхиналниот кортекс „клетка од соседството“, бидејќи е способен да ги распознава разликите помеѓу општите области во неговата околина.

Клетките функционираат преку поврзаност со „хипокампални локациски клетки“ кои обезбедуваат попрецизни проценки на некоја локација. Опишано со аналогија во студијата, доколку некоја индивидуа пробува да стигне од нејзината куќа на далечна локација во друг регион, невроните од перирхиналниот кортекс би ја имале задачата да ја насолуваат низ уличките и соседствата, додека хипокампалните клетки се потребни само кога се знае каде точно таа треба да се движи, на пример „кои куќи да ги помине последователно“.

Научниците ги откриле овие нови клетки преку набљудување на нервната активност во четири области на мозок на глушец, додека тој се движел низ лавиринт во форма на бројката 8. Било откриено дека додека активноста на хипокампалните локациски клетки зависела од областа во лавиринтот во која бил глушецот, активноста во перирхиналниот кортекс била повеќе одржана.

Додека човечкиот мозок можеби нема да функционира исто како и оној на глувците во истражувањето, ова откритие може да ни помогне да разбереме како се движиме во околината, како и да ни обезбеди увид во некои од состојбите каде што овој процес е оштетен – како на пример кај Алцхајмеровата болест.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail