Откриен премин во подземниот свет на Маите

mai.jpg

Археолозите веруваат дека го пронашле мајанскиот “влез во подземниот свет”, заедно со докази за принесување на човечки жртви.

Наоѓалиштето е откриено на само неколку метри од местото каде се одиграла последната битка на древната цивилизација на Маите со Шпанија на езерото Петен Ица во Гватемала.

Полскиот истражувачки тим открил над стотина артефакти, вклучувајќи и докази за ритуали, па и човечки жртви, а на островот на сред езерото веруваат дека постојат докази за конечната битка против шпанските освојувачи.

„Водата имала специјално и симболично значење во верувањата на древните Маи. Се сметало дека тоа се вратите кон подземјето, светот на смртта – Сибалба, каде живеат нивните богови”, рекла лидерката на тимот, Магдалена Крземиен.

Бидејќи сакале да ги проверат местата кои сочинувале важен дел од историјата на Маите, нуркачките експедиции ги планирале на основа на пишани извори, но и со помош на интуицијата, додала таа.

„Во повеќето случаи најдовме многу артефакти”, рекла таа.

Се смета дека Маите тие артефакти ги испуштиле или намерно спуштиле во езерото како подарок за боговите. Еден од нив е острица која можеби е користена за крвави ритуали на жртвување. Тие можеле да убијат некого ако не боговите им понуделе човечка крв.

Пронајдени биле и керамички садови, а некои од нив содржат и животински коски. Уште едно интересно откритие се однесува на островот на езерото, познато како Флорес.

„Повеќето пишани извори велат дека битката меѓу Шпанците и Маите, кои живееле во Нојпетен, се одвивала на западната страна на островот. Пронајдовме артефакт на ова подрачје – камена глава од буздоган, која може да биде поврзана со битката”, рекла Магдалена и додала дека изгледа го потврдиле местото на последната битка.

Обредните реликвии од езерото се предколумбовски, а датираат од 150-та година пред новата ера па се до 800-тите години од новата ера. Меѓутоа, Магдалена нагласува дека тимот извршил само извидување на местото, но дека не ги довршил целосните ископувања.

„Треба да направиме подводни ископувања за да бидеме сигурни дека подрачјето во кое ги пронајдовме тие објекти ило подрачје на обредни активности. Моментално не можеме да бидеме сигурно околу контекстот на предметите”, рекла таа.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail