nova-planeta.png

НАСА соопшти дека сателитот ТЕСС открил нова планета надвор од Сончевиот Систем што е трипати поголема од Земјата.

Новооткриената планета, наречена ХД 21749, е сместена во соѕвездието Ретикулум и кружи околу светли, џуџести ѕвезди, а од Земјата е оддалечена 53 светлосни години. Според првичните анализи, планетата нема изразени сличности со планетите од Сончевиот Систем.

Експертите наведуваат дека планетата е сместена во атмосфера на тешки гасови и дека содржи поголема количина вода и поради тоа е и до 23 пати потешка од Земјата. Се проценува дека просечната температура на површината е 150 степени Целзиусови.

Деталниот извештај за новото открите го објави магазинот The Astrophysical Journal Letters.

НАСА минатата година со помош на ракетата Фалкон во вселената го лансираше сателитот ТЕСС. Негова задача, во текот на двегодишната мисија, е да истражува небески тела надвор од Сончевиот Систем.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail