Откриена капсула која од желудникот ќе испраќа информации за нашето здравје

kapsula.jpg

Научникот д-р Филип Надеу од Институтот за технологија во Масачусетс стои позади изумот наречен „Silver bullet“, капсула која е управувана од желудочната киселина и која може да испрати информации за нашето внатрешно здравје на мобилен телефон. Се верува дека оваа мала капсула ќе биде револуционерна во медицината бидејќи постојано ќе ги следи витални знаци внатре и ќе испраќа податоци на телефон.

Ова откритие е објавено на најголемата научна конференција во Бостон. Верзија од капсулата која се активира кога цинк електродата доаѓа во контакт со стомачната киселина, била тестирана на свињи. Малите сензори континуирано ја следеле температурата и ритамот на срцето. Уредот, долг 30 милиметри, патувал шест дена низ дигестивниот систем на свињите.

Научниците се обидуваат за луѓето да создадат уште помала верзија од уредот. Прототипот сега е со големина 10 милиметри и е направен со „рачиња“ во облик на ѕвезда за сигурно да може да застане во стомакот без никаде да биде фатен. Капсулата ќе може да произведе доволно енергија за да наполни термометар кој податоците ги испраќа безжично на уред кој може да биде оддалечен околу 2 метри.

„Земањето на капсулата еднаш месечно би можело да го промени начино на кој даваме лекови“, велат експертите од Бригам.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail