Откриена контрацептивна метода која штити и од ХИВ

kondom.jpg

Развиена е последната верзија на вагинален контрацептивен прстен кој ќе придонесе во борбата против ХИВ/СИДА, првенствено наменет за помладите жени кои живеат во земјите во развој.

Тој не само што ја спречува бременоста туку и штити од ХИВ вирусот, комбинирајќи ги двете основни превентивни медицински напори.

Направен е од силикон, а функционира така што откога ќе се внесе во телото, во наредните три месеци испушта правилни дози од лековите дапивирин и левоноргестрел. Првиот е анти-ХИВ лек, а вториот е контрацептив.

ХИВ вирусот е „нападнат“ од сите страни од страна на модерната медицинска наука – истражувачите веќе го имаат елиминирано ХИВ генот од инфицирани животни во 2016, а било откриено и дека природниот имунитет против него се развил кај 10% од децата инфицирани со овој вирус. Вакцина против ХИВ исто така ќе се тестира оваа година , а во јануари 2017 фондацијата на Бил Гејтс инвестирала 140 милиони долари во инплант кој испорачува анти-ХИВ лекови внатре во телото.

Тајланд е една од првите земји во светот која го елиминирала пренесувањето на ХИВ врз новороденчиња, а зголемениот и подобрен пристап до онлајн информации за него и за лековите придонеле за значително намалување на степенот на инфекции во Обединетото Кралство.

Додека светот чека на трајно решение за ХИВ/СИДА-та, овој вагинален прстен и неговата превентивна комбинација со разни лекови ќе направи огромна разлика во животите на жените ширум светот, особено оние од неразвиените земји.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail