Откриена мистеријата околу вонземјанинот

vonzemjanin.jpg

По 5 години генетски истражувања, мистериозниот мумифициран скелет откриен во пустината Атакама во Чиле сега е потврдено дека е човек – уништувајќи ги теориите дека се работи за вонземјанин.

Според студија објавена во Genome Research, ДНК земена од остатоците (на кои им бил даден прекар Ата) носела мутации во 7 гени поврзани со малформации на коските и лицето, предвремена фузија на зглобовите и џуџест раст, а некои од абнормалните секвенци во гените претходно и не се знаело дека влијаат на физичкиот развој.

Приказната за Ата започнала во 2003-та, кога ловец на артефакти ја откопал завиткана во бела ткаенина, од почвите на напуштена црква во рударскиот „град на духови“ Ла Нориа. Локалните медиуми веднаш почнале да објавуваат сензационалистички наслови кои донекаде биле оправдани бидејќи се работи за хуманоиден скелет со големина од 15cm, глава во форма на конус и погрешен број на ребра.

Гери Нолан од универзитетот Стенфорд бил фасциниран со овој примерок и со неговиот тим започнал да го анализира, а првичните истражувања комплетирани во 2013 дале некои одговори, но поставиле и нови прашања.

Многумина шпекулирале дека Ата бил антички предвремено роден фетус, но многуте истражувања покажувале дека тој бил само околу 40-тина годни стар, а состојбата на коските укажувале на тоа дека личноста умрела на возраст од 6-8 години.

За дефинитивно да се се утврди кој (и што) бил овој скелет, бил ангажиран геномскиот експерт Атул Буте од UC San Francisco.

Целосната генетска анализа која ги споредила ДНК секвенците на Ата со оние од здрави и заболени примероци, докажала дека се работи за женска личност со потекло од Јужна Америка која се родила предвремено со тешка форма на скелетна дисплазија и пореметување на коскеното стареење.

Како еден фетус можел да има толку многу генетски дефекти останува мистерија, но бидејќи бил пронајден во еден од многуте напуштени рударски градови каде што се ископувал нитрат, се претпоставува дека изложеноста на него можела да доведе до оштетување на неговата ДНК.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top