Откриена најголема Фејсбук измама – доколку добиете ваква порака никако не одговарајте

facebook-1.png

Нова сјајна можност да станете кул во својот социјален круг е да ја пренесете пораката на хакерот под наслов „Џејдан К Смит“, кој испраќа барања за пријателство.

Пораката гласи:„ Ве молам да ги прдупредите своите контакти на Месинџер да не прифаќаат барање од Џејдан К Смит. Тој е хакер и поседува систем прикачен за ваш налог. Ако било кој од вашите пријатели прифати барање и вие ќе бидете хакнати. Затоа е важно сите ваши пријатели да знаат. Ви благодарам. Проследено.“

Ваква порака со години циркулира на интернет со поинаков наслов. Дописите за Џејдан К Смит предупредувањата пристигнуваат од сите краеви на светот.

-„Не постои Џејдан К Смит и проследувањето на пораката нема да помогне никому.“ – велат од сајтот Хоалс Слејер.

Корисниците не треба да се грижат. За некој да ви го хакне профилот потребно е да ја знае вашата лозинка или да стави заразен фајл во вашиот компјутер. Што се однесува до Џејдан К Смит, не грижете се, станува збор само уште една спам порака во низата.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail