Откриена населба на Маите со 60 илјади градби

maite.jpg

Повеќе од 60.000 градби и урнатини од времето на Маите биле пронајдени во дождовната шума во Гватемала. Научниците со помош на ласерска технологија откриле цела населба под големите крошни на дрвата вклучувајќи куќи, палати, патеки и одбранбени тврдини.

Во таа област, живееле неколку милиони Маи повеќе од тоа што е утврдено во претходните истражувања, јавува Би Би Си.

Научниците регистрирале над 2.100 квадратни метри во Северен Петен. Тие ја користеле револуционерната технологија “Лидар”, која открива археолошки локалитети кои се речиси невидливи за голото око.

“Фотографиите од оваа технологија покажуваат дека целиот регион бил систем од населби чиј обем и населеност се потценети во голема мера” – вели Томас Гарисон, археолог од колеџот Итака

Пред 1 500 години, цивилизацијата на Маите зафаќала два пати поголема област од Средновековна Англија.

“Веруваме дека тука живееле измеѓу 10 и 15 милиони луѓе” , вели Франциско Естрада – Бели, археолог од Универзитетот Тулан.

Повеќето од 60-те илјади градежни објекти биле камени платформи, а едно од најинтересните откритија е пирамида од 7 спратови која е целосно покриена од растенија и дрва.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top